
Домаќинствата во еврозоната избегнуваат да се задолжуваат кај банките
Позајмиците на банките кон домаќинствата во еврозоната во април пораснале само за 0,2 отсто и тие се на исто ниво како во март годинава, се наведува во најновиот извештај на Европската централна банка.
Податоците за април покажуваат дека е забележан најспор меѓугодишен раст на кредитите за домаќинствата од февруари 2015 година. Вкупната вредност на кредитите за приватните компании во април се зголеми за 0,3 отсто.
Вредноста на монетарниот агрегат М3 за вкупните ликвидни средства во еврозоната во април годинава порасна за 1,3 отсто, а вредноста на монетарниот агрегат М1, во кој влегуваат парите во оптек, е намалена за шест отсто во однос на истиот месец лани, пренесе „Блиц“.