Просечната плата во октомври 38.843 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2 проценти) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,2 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,5 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4,6 проценти).

Во октомври годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е со износ од 58 349 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu