Политика за приватност

Општи информации и податоци за контролорот кој обработува лични податоци

Почитуван корисник,

Те молиме внимателно да ја прочиташ оваа Политика за приватност пред да започнеш со користење на нашите услуги. Во процесот на интеракција преку интернет платформата www.ebiznis.mk, сметаме дека си запознат со нашата политика и потврдуваш дека ги имаш разбрано условите под кои ги обработуваме твоите лични податоци, со што се согласуваш со овие правила.

(ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР) АНЕТ НЕТВОРК СОЛУТИОНС ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. 8 Ударна Бригада бр. 20Б, Скопје, со електронска адреса: (support@ebiznis.mk), заведено во трговскиот регистар со матичен број: 6969291, ЕДБ: 4080014545636 (во натамошниот текст: „ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР, Друштвото, платформата или Ние“), со голема посветеност ја штити приватноста на секое лице (корисници, соработници, посетители или други лица – во натамошниот текст: „Лице или Ти“) чии податоци ги собираме и обработуваме.

Обработката и чувањето на личните податоци ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР ги извршува во строга согласност со важечкиот Закон за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

Свесни сме дека приватноста е од исклучително значење, па затоа ја креиравме оваа Политика за да ти појасниме кои податоци ги собираме, со каква цел, како ги чуваме и кои се твоето законски права. За какви било прашања или двоумења, слободно контактирај нè во секое време на e-mail: support@ebiznis.mk или обрати се директно до нашиот службеник за заштита на податоци на:

Адреса: 8 Ударна Бригада 20Б, Скопје
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info@ebiznis.mk

Ви благодариме за укажаната доверба!

 

Основни поими и лични податоци што ги обработува ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР

Личен податок: Секоја информација што се однесува на физичко лице чиј идентитет може директно или индиректно да се утврди (како име, презиме, контакт податоци, локација или интернет идентификатори).

Обработка: Секоја операција врз податоците, вклучувајќи собирање, евидентирање, чување, користење или бришење.

Контролор: Субјектот кој ги определува целите и начинот на обработка на податоците.

Ние не собираме посебни категории на лични податоци (чувствителни податоци), ниту пак намерно собираме податоци од лица под 14-годишна возраст, освен во законски предвидени рамки за услуги на информатичкото општество за корисници над 15 години.

 

Принципи на обработка на лични податоци

При секоја постапка со твоето портфолио на податоци, ние се водиме од следните принципи:

  • Законитост, правичност и транспарентност во постапувањето.
  • Ограничување на целите – собирање исклучиво за јасни, утврдени и легитимни цели.
  • Минимален обем на податоци – користење само на неопходни информации.
  • Точност, ажурираност, како и сигурност, интегритет и доверливост во чувањето.

 

Лични податоци што ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР ги собира и обработува

Во зависност од начинот на соработка, можеме да ги собираме следните категории на податоци:

  • Име и презиме;
  • Адреса на живеење или локација за испорака и кореспонденција;
  • Електронска пошта (e-mail) и телефонски број (мобилен/фиксен);
  • Податоци за тековна сметка (исклучиво кога е неопходен поврат на средства);
  • Гласовни снимки при телефонска комуникација со нашите служби;
  • Технички податоци дефинирани преку нашата Политика за колачиња.

 

Начин на собирање на личните податоци

Директно од тебе: При креирање корисничка сметка на www.ebiznis.mk, пријавување на билтени, контактирање на нашите администратори преку форма или социјални мрежи, или при аплицирање за огласи и партнерства.

Преку соработка со трети страни: Во случаи кога податоците ни се проследени од овластени партнери, банки за реализација на трансакции или преку најава со интеграции (како Google или Facebook), при што целосно одговараме за безбедноста од моментот на преземање.

 

Цел на собирање и обработка

Податоците ги користиме за:

  • Овозможување непречено функционирање на платформата и корисничките профили;
  • Успоставување комуникација и одговарање на прашања и барања;
  • Извршување на административни и договорни обврски;
  • Директен маркетинг, известувања за новини, специјални понуди и промотивни кампањи (само со твоја изречна согласност);
  • Подобрување на сигурноста и квалитетот на услугата.

 

Правна основа за обработка

Обработката се заснова на:

  • Твоја слободна согласност, која можеш да ја повлечеш во секој момент;
  • Исполнување на договорни обврски или преддоговорни активности;
  • Законски обврски пропишани со позитивните прописи во државата.

 

Обработувачи и трети лица

ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР може да ги сподели одредени неопходни податоци со доверливи соработници (технички поддржувачи, ИТ провајдери ко користат безбедни cloud сервери во рамките на ЕУ Германија, банкарски институции за платежен промет), исклучиво во рамките на дефинираните задачи и со обврска за целосна заштита на доверливоста.

 

Период на чување

Податоците се чуваат онолку колку што е неопходно за исполнување на целите за кои се собрани, односно во согласност со законските рокови за архивирање и заштита на правата (најчесто до 5 години од последната активност, или до моментот на отповикување на вашата согласност).

 

Права на субјектите на лични податоци

Како корисник имаш право на:

  • Пристап до твоите лични податоци и информации за нивната обработка;
  • Исправка или бришење на податоците („право на заборавот“), кое можеш да го активираш директно преку поставките на профилот или со барање до нашиот тим;
  • Приговор и ограничување на обработката во определени ситуации;
  • Преносливост на податоците во структуриран формат.

За остварување на овие права, слободно пиши ни на e-mail: info@ebiznis.mk или support@ebiznis.mk.

 

Доверливост и транспарентност

Твоите податоци се третираат со највисок степен на доверливост. Сите промени во оваа Политика навремено се објавуваат на нашата официјална платформа www.ebiznis.mk.

За дополнителни прашања, достапни сме секогаш преку е-пошта: support@ebiznis.mk.

 

Колачиња (Cookies)

Платформата користи колачиња за подобро корисничко искуство, анализа на сообраќај и функционалност на веб-страницата. Корисникот може да ги контролира поставките за колачиња преку својот интернет-прелистувач.

 

Твој ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР

 

Поседна промена: 24.09.2026

Main Menu