Политики за купување, достава и поврат на средства
Ве молиме внимателно прочитајте ги Политиките за купување, достава и поврат на средства на потрошувачите пред да купите. Во процесот на купување на Виртуелниот Бизнис Центар www.ebiznis.mk, Вие се согласувате со овие услови за купување, со што потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле.
Општите услови за купување и преддоговорните информации ги регулираат условите за купување преку електронската платформа ebiznis.mk (во натамошниот текст: Платформа), правата и обврските на потрошувачите и другите прашања важни за функционирање на Платформата во рамките на Друштво за производство, трговија и услуги ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР , АНЕТ НЕТВОРК СОЛУТИОНС ДOОЕЛ Скопје, со седиште на адреса ул. 8 Ударна Бригада бр. 20Б, Скопје, е-пошта: (support@ebiznis.mk), со матичен брoj: 6969291, ЕДБ: 4080014545636 (во натамошниот текст: ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР, Друштвото, Платформата или Ние).
Политика за купување (Terms of Purchase)
Потрошувачот може да купи на платформата како регистриран корисник (регистрација преку е-пошта), при што ги остава своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно достава на стоката. Регистрацијата е бесплатна и на потрошувачот му овозможува одредени поволности, како што се: заштеда на време (побрзо купување секој следен пат, зачувување на адресата за достава за идни купувања), овозможување целосен увид во статусот на нарачката, со полесен пристап и преглед на сите претходни нарачки и Потврди за купувања, можност за креирање листа на желби итн. Исто така, помош при купувањата на Платформата можат да добијат од агентите од Центарот за корисници на ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР, со повикување на бројот 023217815.
Во процесот на купување, потрошувачот изјавува дека е запознаен и се согласува со Политики за купување, достава и поврат на средства и Политиката за приватност. По завршувањето на процесот на нарачка на стоката, потрошувачот на e-mail (e-адреса) добива Спецификација на нарачката. Оваа е-порака е потврда дека нарачката е обработена и понатаму се процесуира и не претставува склучување на договор за продажба на стока.
Со оставање на e-mail адреса, потрошувачот дава согласност на e-mail адресата односно по електронски пат да му се достави Спецификација на нарачката, Потврда за купување за купените производи.
Начин на нарачка: Купувањето преку интернет платформата www.ebiznis.mk се врши со избирање на саканите производи и нивно додавање во кошничката. Процесот се завршува со внесување на потребните податоци за достава и потврда на нарачката.
Цени и плаќање: Сите цени на производите се прикажани во денари и вклучуваат ДДВ (каде што е применливо). Плаќањето може да се изврши електронски со платежна картичка или при испорака (готовински во зависност од достапните опции).
Потврда на трансакцијата: Податоците за платежните картички не се чуваат од страна на платформата, туку се обработуваат преку сигурни системски интеграции со банката партнер.
Начин на плаќање
По спроведување на порачката и по внесување на личните податоци на корисникот, авторизацискиот процес се префрла на портал процесинг центарот на Банката, каде корисникот ги внесува потребните податоци за платежната картичка со цел спороведување на авторизирање.
Виртуелниот Бизнис Центар на својата интернет страница нема да прибира податоци за платежната картичка на корисникот (број на платежна картичка, датум на валидност на платежната картичка, сигурносен код на платежната картичка, број на платежната сметка со која платежната картичка е поврзана). Тоа ќе се одвива на платформата на Банката.
Потврда за успешноста на платежната странсакија ќе биде испечатена на самата интернет страница и ќе биде испратена пореку електронска пошта на корисникот на платежната картичка.
Во случај на успешна авторизирана трансакција, доколку производот/услугата не може да биде испорачана (немање на производина лагер, неможност за испорака или слично), Корисникот ќе биде информиран за тоа преку електронска пошта. Во тој случај, платежната трансакција заснована на картичката ќе биде сторнирана.
Во случај на неуспешно авторизирана платежна трансакција заснована на картичка, Корисникот ќе добие одговор – потврда за неодобрена платежна трансакција заснована на картичка.
Политика за достава (Delivery Policy)
Начин и рок на достава: Доставата на нарачаните производи се врши преку ангажирани курирски служби на адресата назначена од страна на корисникот при креирањето на нарачката. Стандардниот рок за достава зависи од локацијата и достапноста на производите, времетраењето на доставата е наведено на секој продукт.
Трошоци за достава: Трошоците за достава се пресметуваат и се прикажуваат пред конечната потврда на нарачката, или се дефинирани според актуелните промотивни услови на платформата.
Прием на пратката: При преземање на пратката, купувачот или лицето овластено за прием е должно визуелно да ја провери пратката за евентуални физички оштетувања при транспорт. Во случај на оштетување, потребно е веднаш да се извести курирската служба и нашиот тим за поддршка преку:
Адреса: 8 Ударна Бригада 20Б, Скопје
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта на support@ebiznis.mk
Доставата на нарачаните производи нема да испорачуваме на поштенски фах или на адреса различна од наведената во исопраката.
Доставата на нарачаните производи нема да испорачуваме во случај на злоупотреби.
Политика за поврат на средства и рекламации (Refund and Return Policy)
Поврат на средствата е опфатено во следните случаи:
– Случај на неиспорака, непочитување на роковите и политиката на достава, дефект, неможност за достава, правни пречки или пречки во доставата на производите/услугите во странство.
– Случај на неусогласеност на доставениот производ/услуга со описот на производот/услугата поставен на интернет страницата, како и случаи и постапка на во случај на откажување на корисникот од платежната трансакција заснована на картичка пред достава на производот/услугата.
– Случај на злоупотреба при што ќе се спречи испораката и ќе се вратат средствата од платежната трансакција заснована на картичката.
Право на повлекување од договор: Купувачот има законско право да се повлече од договорот склучен на далечина во рок од 14 дена од денот на прием на производот, без да наведува причини за тоа, со враќање на производот во неоштетена и оригинална состојба.
По приемот и проверката на вратениот производ, ВИРТУЕЛЕН БИЗНИС ЦЕНТАР организира поврат на средствата на тековната сметка на купувачот во законски предвидениот рок, откако ќе се утврди дека производот е вратен во соодветна состојба.
Постапка за поврат и рекламација: За остварување на правото на враќање или за поднесување рекламација поради неисправност, купувачот треба да поднесе барање преку:
Адреса: 8 Ударна Бригада 20Б, Скопје
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта на support@ebiznis.mk
Поседна промена: 24.09.2026