Меѓузбир: 75,44 ден
Проектот TECHSIGHT, поддржан финансиски од EIT HEI иницијативата на Европската Унија, денес официјално ги започна своите пилот активности на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со практична обука на тема „Стратешко предвидување за стартапи подготвени за иднината“.
Овој меѓународен настан спојува 160 студенти од Машинскиот факултет при УКИМ и 60 студенти од Дуалната висока школа Баден-Виртемберг – Манхајм (Duale Hochschule Baden-Württemberg Mannheim), Германија, со цел да ги унапреди нивните способности и да ги подготви идните инженери со клучни знаења од областа на претприемништвото и иновациите.
На собирот, поздравни говори одржаа проф. д-р Радмил Поленаковиќ од Машинскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мартин Корнмајер од Дуалната висока школа Баден-Виртемберг – Манхајм и проф. д-р Валентина Гечевска, проректорка за наука на УКИМ, при што беше подвлечено значењето на меѓународната соработка и образованието ориентирано кон иднината.
Настанот продолжи со интерактивна работилница посветена на „Хоризонти на длабоки технологии 2035“, со стручни придонеси во областа на иновациите и претприемништвото од Марјан Николовски, експерт за иновации и извршен директор на THE NEW WAY од Копенхаген, и вонр. проф. д-р Онурџан Шахин од Техничкиот универзитет YILDIZ од Истанбул.
“Работилницата има цел да им помогне на студентите да го предвидат идниот технолошки развој и да ги преосмислат своите стартап идеи со примена на алатки за стратешко предвидување”, се наведува во соопштението.
Една од сесиите вклучуваше и тимско решавање на студија на случај, каде што мешани тимови од македонски и германски студенти соработуваа во развивање и презентирање на визионерски стартап концепти, користејќи ја алатката Бизнис модел КАНВАС за иднината.
Како што е наведено, настанот го означува почетокот на серија активности во рамки на проектот TECHSIGHT, финансиран од иницијативата EIT HEI на Европската Унија, со цел стимулирање на образование засновано на иновации и подготовка на студентите да станат претприемачи подготвени за иднината.